ARE U KUL by Frosina Kulakova

Колекции

Секоја колекција е дел од креативниот свет на Фросина Кулакова.

01 / КОЛЕКЦИЈАТА

ОД ЦРТЕЖ ДО ЖИВОТ

Spiral
of Light

Оригинални принтови, спирални мотиви и контрасти. Колекција во која секоја линија носи дел од светот што го создаваше Фросина.

Еко сатенот ја фаќа светлината и го следи движењето. Црната и белата ѝ даваат структура на колекцијата; портокаловата и црвената внесуваат енергија и живот.

16модели според оригиналните идеи на Фросина Кулакова
+1модел посветен на Фросина, од Сара Коневска, првата стипендистка на фондацијата

Подолу е претставено целосното оригинално портфолио. Фотографии од изработените модели, цени и големини ќе следуваат во продажниот каталог.

Целосно портфолио

Разгледајте ги сите 24 страници на „Spiral of Light“, од насловната до завршната корица. Листајте со копчињата, изберете страница или користете ги стрелките на тастатурата кога прегледувачот е избран.

Музика за листање на портфолиото

Пијано музиката е дел од „Spiral of Light“. Почнува автоматски кога ќе го отворите портфолиото на цел екран и продолжува додека листате.

1 / 24

Благодарност до соработниците на оваа колекција

Душица Петит

Благодарност за поддршката преку Top Model Europe Balkan и за претставувањето на делото на Фросина.

Ирина Тошева

Техничка реализација и шиење на колекцијата. Од оригиналните идеи до облека што живее и се движи.

Пенита Арсова

Графичка подготовка на оригиналните идеи на Фросина за печатење на материјалите.

ПРОМОЦИЈА · SPIRAL OF LIGHT

Понеделник, 18:30–22:00
Музеј на македонската борба за самостојност, Скопје

Во рамки на Top Model Europe Balkans Semi-Final 2026.
Часовите се за целиот настан. Влез од страната на кејот.

Назад кон колекцијата

Spiral of Light

Повлечете налево за следна или надесно за претходна страница.

Spiral of Light

1 / 24100%